Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го совладаа Торино со резултат 2:0 во осмото коло од италијанската Серија А.
„Бјанконерите“ вечерва остварија триумф против градскиот ривал без помошта на двајцата најдобри стрелци Душан Влаховиќ и Федерико Киеза.
Домашниот тим го отвори првото полувреме со гол во шестата минута од натпреварот, но бидејќи Мојз Кин беше во офсајд, тој гол оправдано беше поништен.
Во продолжението од првиот дел Торино беше рамноправен ривал, додека играчите на „страта дама“ трпеливо ја чекаа својата шанса во прилично низок ритам.
Ја дочекаа на почетокот на вториот дел, во 47. минута, кога Федерико Гати по корнерот на Филип Костиќ најдобро се снајде и постигна гол кој првично беше поништен од судијата Маса поради офсајд.
Сепак, по прегледувањето на видеото од ВАР, судијата реши да ја промени својата одлука и да го потврди голот.
Избраниците на Иван Јуриќ мораа да тргнат многу поофанзивно, што остави многу простор на половината на Торино, а Јувентус набрзо дојде до вториот гол.
Во 62. минута Флип Костиќ изведе одличен корнер од десната страна, а стрелец беше Аркадијуш Милик.