Кризата во шпанскиот прволигаш Лас Палмас нема крај. Откако тимот загуби шест натпревари во низа, нервозата се префрли и на тренинзите на тимот од Канарските Острови, откако Лоик Реми и Усама Танане се степаа на тренинг.
По отпуштањето на тренерот Маноло Маркез, ништо не се смени ниту под водство на Пако Ајестаран, а „Марка“ тврди дека лошата атмосфера на тренингот придонела за инцидент. Откако претходно имале некоја расправија, Реми ја шутнал топката во Танане додека тој се протегал по што настанала голема тепачка.
Уште полошо за тимот во недела тие го пречекуваат Реал Мадрид, тим кој има свои проблеми, но кој е „наострен“ за враќање на победничката форма.