Шкендија го победи Вардар со 0:2 на стадионот „Борис Трајковски“ и се зацврсти на првата позиција на табелата во Првата лига.
Методи Максимов постигна еврогол во 65.минута, а триумфот го потврди напаѓачот Аганспахиќ во судиското продолжение од мечот.
Струга Трим Лум се врати на победничките патеки, откако на домашен терен го совлада Силекс со 2:0.
Двоен стрелец за домашниот тим беше Марјан Радески во 18. и во 69.минута од дуелот.