Тажна вест ја потресе македонската фудбалска јавност. Денеска почина тренерот на Шкендија од Арачиново, Мерван Илјази. Неодамна, Илјази бил погоден од залутан куршум за време на една семејна прослава.
Клубот кој се натпреварува во Третата лига, преку социјалните мрежи соопшти дека долго време, Илјази се борел за својот живот, но не успеал да ја добие битката.
Настанот кој заврши трагично се случил на семејна прослава.