Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Вечерва во Скопје, според очекувањата, Македонија го декласира Азербејџан со 40:17.
Воведните минути беа јасен показател во која насока ќе се движи натпреварот. Македонските ракометарки стекнаа предност 9:1, која потоа само се зголемуваше.
Македонија ја предводеа Седлоска и Саздовска со по седум голови, пет постигна Јанкуловска, а четири Младеновска.
Во второто коло во Групата 5, Македонија ќе гостува во Литванија. Натпреварот ќе се одигра на 15.октомври.
Фото/ архива Игор Паневски