Top Sport

Монтела: Хрватска не е тежок притивник, имаме план за нив

Фудбалската репрезентација на Турција, во четврток од 20:45 часот, во Осиек, ќе и гстува на Хрватска во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Ова ќе биде дуел на двете водечки селекции во групата.

Пред натпреварот за натпреварот зборуваше новиот селектор на Турција, Винченцо Монтела.

„Можеби ви се чини дека Хрватска е тежок противник за деби на клупата на Турција, но јас верувам во моите играчи. Ќе се обидеме да ја покажеме националната гордост и желба што играчите ја носат на теренот. Имавме многу малку време за подготовки, но имаме план, им кажав на играчите дека сакам да видам поинаква Турција на теренот од онаа што ја гледавте досега“, изјави Монтела и додаде:

„Турција и Италија се земји од големо историско значење за светот, тоа значење датира илјада години наназад. Тие се и земји кои се културолошки блиски. Како Италијанец, секако дека сум среќен што водам ваква репрезентација“.

Scroll to Top