Фракцијата на навивачката група на Интер наречена „Курва Норд“ се огласи пред дербито со Рома на 29 октомври. Нивната порака е упатена до Ромелу Лукаку.
Лукаку очигледно е „мета“ на навивачите на Интер кои не можат да му простат на Белгиецот што во летниот преоден рок „флертуваше“ со Јувентус.
Белгиецот минаата сезона ја мина во Интер како позајмен играч од Челзи. По завршувањето на сезоната се врати во Лондон, со јасен став дека нема намера да остане на „Стенфорд Бриџ“. Потоа излегоа информации дека бил во преговори со Јувентус.
Медиумите открија дека Јувентус го побарал Лукаку и одредена сума пари за Душан Влахвиќ.
На крајот оваа зделка не беше реалзирана, а Лукаку во последните денови од преодниот рок пристигна на позајмица во Рома.
Рома ангажираше силен напаѓач, но тоа не го смени ставот на навивачите на Интер, кои никогаш нема да му ги простат преговорите со Јувентус.
Навивачите на Интер испратија порака до Белгиецот, за да биде свесен што го чека кога ќе излезе пред 50.000 „нероазури“.
„Ромелу Лукаку, познат и одвратен. Не ни е грижа што имаш да кажеш, не ги сакаме твоите изговори, не сакаме да го слушнеме твојот глас. Ако имаш храброст, во што се сомневаме, тогаш дојди на „Меаца“. Милано те чека“, стои во објавата на Инстаграм ос страна на „Курва Норд“.