Францускиот репрезентативец од Реал Мадрид, Аурелиен Чоамени (23) јавно се пожали на густиот распоред на фудбалската сезона. Играчот од средниот ред смета дека ритамот од 70-80 натпревари по сезона е премногу интензивен за професионалните фудбалери.
„Како играчи мораме да направиме нешто околу распоредот. Мораме да го запреме ова. Навистина е тешко телото да ја заврши сезоната со 70 -80 натпревари“.
„Ако сакаме да играме до 38 или 39 години, ќе биде тешко да се издржи на овој начин. Имаме многу различни натпревари и не ни се сите важни“, изјави францускиот репрезентативец.
Сезонава играше 11 пати за Реал Мадрид и постигна еден гол за 843 минути игра. Тој во моментов е со репрезентацијата на Франција, која вечерва од 20:45 часот гостува во Холандија во квалификациите за ЕП.