Алесандро Досети, семеен пријател на Лионел Меси, вели дека Аргентинецот е добитник на Златната топка за 2023 година.
Наводно, Меси добил информација дека наградата за најдобар играч на светот ќе му припадне по осми пат.
„Лионел Меси кажа дека е добитник на Златната топка за 2023 година“, објави Досети.
Нема сомнеж, ваквата одлука, доколку ова е вистина, ќе предизвика бурна дебата во фудбалска јавност.
Меси моментално е член на Интер од Мајами, член на американската МЛС лига и е многу далеку од највисокото ниво на светскиот фудбал.
Главен претендент за оваа награда несомнено е Ерлинг Халанд, кој имаше одлична сезона со Манчестер сити, со кој ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, а притоа беше најдобар стрелец во двете конкуренции.
Да потсетиме дека Меси ја освои Златната топка во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.