Top Sport

ФИФА подготвува радикални промени

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да воведен промени од кои незадоволни ќе бидат менаџерите и инвестициските фондови, а од кои треба да профитира фудбалот.

ФИФА планира да ги ограничи цените на трансферите, да воведе данок на луксуз, да го ограничи процентот што го добиваат фудбалските менаџери и уште неколку новини, објави агенцијата „Ројтерс“.

Посебен тим, кој го предводи лично претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе направи проценка на актуелниот систем и ќе ги предложи промените.

„Трансфер системот се претвори во берза. Тоа не е фер кон фудбалските клубови или националните првенства кои ја претставуваат основата за професионалниот спорт“, се наведува во извештајот на ФИФА, кој на увид го имале новинарите на „Ројтерс“.

Цените на фудбалерите ќе се пресметуваат според математички алгоритам, кој за потребите на ФИФА го развила Фудбалската истражувачка опсерваторија (ЦИЕС).

Во блиска иднина, ФИФА, планира да го ограничи и бројот на играчи што еден клуб може да ги испрати на позајмица.

Менаџерите нема да бидат задоволни ниту од идеата да биде ограничен нивниот процент од трансферите. Најважното во сето ова е на тој начин ќе биде намалено влијанието на третата страна, односно преговорите ќе се водат помеѓу две страни (клубот и менаџерот на фудбалерот).

Scroll to Top