Top Sport

Роналдо повторно уриваше рекорди

Кристијано Роналдо (38) постигна два гола за победа на Португалија над Словачка (3:2) во Порто, со која домаќинот се пласираше на ЕП како прв во групата на три кола пред крајот на квалификациите.

Со овие голови и победа Роналдо постави низа тешко надминливи рекорди. Стана фудбалер со најмногу победи во кариерата, дури 780.

Тој ги собори светските рекорди по број на натпревари (202) и голови (125) за репрезентацијата: Овие рекорди веќе беа во негова сопственост.

Со двата гола против Словачка стигна до 857 гола во кариерата. Понатаму, тој го постигна подвигот да даде 100 гола во три различни децении. Од 2000 до 2010 постигна 206 гола, од 2010 до 2020 беше стрелец на 550 голови, а со овие два гола стигна до 100 гола од 2020 досега.

Сето ова е импресивно, но нешто друго што го постигна со головите против Словачка звучи нереално. Роналдо на тој начин постигна 73 гола за Португалија откако наполни 30 години. Само оние голови што ги постигна во овој период во кариерата и сега веќе на самиот почеток на ветеранските години, би го направиле најдобар стрелец во историјата на Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија и уште 187 репрезентации.

Scroll to Top