Владата на Република Српска не дозволи да згасне еден од најтрофејните ракометни клубови во поранешната држава, Борац Бања Лука.
Клубот во четвртокот, објави дека не може да обезбеди средства за нормално функционирање и поради тоа челниците решиле да стават „клуч на вратата“.
Во решавање на проблемот се вклучила владата, која ќе му помогне на клубот нормално да функционира.
Борац веднаш потоа договорил со мечевите во Купот на предизвикувачи, против Баку, Азербејџан, да ги одигра на 13 и 14.октомври во Бања Лука.
РК Борац бил европски првак во 1976 година, а во 1991 година триумфирал во Купот на ЕХФ. Низ историјата седум пати бил шампион на Југославија, а десет пати го освоил Купот на СФРЈ.