Top Sport

РК Борац Бања Лука престана да работи

Ракометниот клуб Борац од Бања Лука, поранешен европски шампион и еден од најтрофејните клубови во поранешна Југославија, престанал да работи. Клубот згаснал поради бидејќи не можел да обезбеди средства за нормално да функционира.

Ниту една секција на клубот од денес не тренира, а челните луѓе соопштиле дека останеле без поддршка и дека последните две недели тренирале во место оддалечено 20 километри од Бања Лука.

РК Борац бил европски првак во 1976 година и победник на ЕХФ купот во 1991 година. Низ историјата седум ја освоил шампионската, а десет пати Куп титулата во поранешна Југославија.

Scroll to Top