Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок би можел да го донесе во Рома Ерик Даер.
Англичанецот не е во плановите на Ангелос Постекоглу и летово требаше да го напушти клубот, но трансферот не се случи.
Сезонава се уште нема одиграно ниту една минута, што беше јасна порака дека ќе се најде на трансфер листата во јануарскиот преоден рок.
Тотенхем не може да се надева на никакво обештетување со оглед на тоа што Даер е под договор до 30 јуни 2024 година.
Мурињо, кој добро го познава Даер од времето на чело на Тотенхем, сака да го искористи тоа и смета дека Англичанецот би бил додаток на ротацијата.
Даер може да игра како стопер и дефанзивен играч во редот за врска.