Top Sport

Пред мечот со Венецуела, тројца бразилски фудбалери наводно ноќта ја минале со инфлуенсерки

Фудбалската репрезентација на Бразил, во петокот одигра квалификациски натпревар запласман на Светското првенство во 2026 година.

Бразилците непријатно ги изненадуја своите навивачи во градот Кујаба во државата Мато Гросо. Против апсолутниот аутсајдер Венецуела, Бразил одигра 1:1.

Ова е прв кикс за Бразил во квалификацискиот циклус, кој започна со победи против Боливија и Перу, а врвот на табелата сега го презедоа актуелните светски шампиони, Аргентинците.

Ден по натпреварот во Кујаба, бразилскиот новинар Матеус Балди на својот Инстаграм профил излезе со тврдења за недисциплината на главните ѕвезди на националниот тим.

Балди тврди дека Нејмар, Винисиус Жуниор и Ришарлисон ја поминале ноќта пред натпреварот на приватна забава со три бразилски инфлуенсерики, во хотелот во кој престојувала репрезентацијата.

Станува збор за Ребека Рибеиро, Летисија Согиро и Рита Лопес, кои наводно до раните утрински часови се забавувале со фудбалерите.

Една од нив Ребека Рибеиро преку бразилските медиуми се заканува дека поднесе тужба за овие тврдења. Останатите две жени кои се познати и на социјалните мрежи се уште не се огласиле. Португалскиот портал „О жого“, тврди дека на „WhatsApp“, кружи видео на кое една од нив излегува од хотелот на репрезентацијата во раните утрински часови.

Scroll to Top