Кристијано Роналдо, како сега стојат работите, нема да се појави на свечената церемонија на 24.септември, на која ФИФА ќе ги им ги додели наградите на оние што ја обележаа изминатата сезона.
Португалецот е во конкуренција за наградата „Пушкаш“, за најубав гол во сезоната и во конкуренција за играч на годината, тука конкуренти му се Лука Модриќ и Мохамед Салах.
ФИФА стравува дека ќе се повтори сценариото од доделувањето на наградите на УЕФА кое Роналдо, лут од фактот што тој не бил лауреатот, реши да ја пропушти.
Според шпекулациите, ФИФА е во преговори со менаџерот на играчот на Јувентус, Жорж Мендеш, да го наговори својот клиент да се појави на церемонијата.
Инаку, токму Мендеш прв се огласи по доделувањето на наградите на УЕФА со коментар дека одлуката Модриќ да биде прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите, ја нарече „срамна“.
Поради тоа малку е веројатно дека Роналдо ќе присуствува на церемонијата на ФИФА, од проста причина што во оваа конкуренција има помалку шанси да дојде до наградата „Златна топка“.