Top Sport

„Погба не побарал да замине од Јунајтед“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, рекол дека ситуацијата со Пол Погба не е таква како што сакаат да ја претстават медиумите.

Во периодот, по завршувањето на Светското првенство во Русија, се појавија информации дека Погба преговара со Барселона. Според Мурињо тие информации не се точни.

„Пол се врати една недела пред почетокот на лигата. Речиси два месеци е тука и никогаш не ми кажал дека сака да го напушти клубот. Никогаш. Доколу не сака да замине, тоа значи дека сака да остане. Поради тоа велам дека Пол не сака да замине од Манчестер јунајтед“, рекол Мурињо.

„Не сакам да го коментирам она што луѓето ќе го слушнат или она што ќе го напишат медиумите. Немам никаква врска со нив, но имам добри врски со своите играчи. Поради тоа ќе ви кажам дека Пгба не сака да си оди“.

Погба од почетокот на сезоната има постигнато два гола.

Scroll to Top