Хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ беше разочаран по поразот од Велс (2:1), втор последователен за Хрватите во квалификациите за ЕП.
Велшаните на тој начин го прескокнаа тимот на Златко Далиќ во групата и сега ја „држат судбината“ во свои раце пред преостанатите два меча.
Јурановиќ беше повлечен од играта на полувремето, заедно со Муса и Брекало, селекторот на беше задоволен како играа во првите 45 минути. Измената на Јурановиќ беше изнудена, тој не можеше да продолжи поради повреда.
“Разочарување. Сè што можевме да направиме направивме погрешно во овие два натпревари. Мораме да се погледнеме во огледало, да размислиме што направивме за себе и за цела Хрватска. По одличните резултати, заборавивме како е да се квалификуваш. Мора да бидеме поподготвени за следниот собир и да се надеваме дека противниците ќе кикснат“, се надева Јурановиќ на среќен епилог по ноемвриските натпревари.
Во ноември, Хрватска ќе игра против Латвија и Ерменија, додека Велс за противници ќе ги има Ерменија и Турција.
Ако Хрватите не успеат преку квалификациите, патот до Германија ќе го бараат низ баражот што го обезбедија преку Лигата на нации.
Во тој плејоф ќе учествуваат 12 репрезентации, од кои само три ќе обезбедат пласман на ЕП кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година.