Top Sport

Го обвини Израел за геноцид – германскиот клуб го суспендираше

Холандскиот фудбалер и член на Мајнц, Анвар Ел Гази е суспендиран од германскиот клуб.

Ел Гази, во објава на социјалните мрежи, ја поддржа Палестина, а израелските напади во Газа ги нарече геноцид.

„Ова не е војна. Кога едната страна ќе и ја исклучи водата, храната и струјата на другата, тогаш тоа не е војна. Кога едната страна има нуклеарно оружје, тоа не е војна. Кога едната страна е финансирана со милијарди долари, тогаш тоа не е војна. Кога една страна користи слики со вештачка интелигенција за да шири дезинформации за другата страна, тогаш тоа не е војна. Кога социјалните медиуми ја цензурираат содржината на едната страна, а не на другата страна, тогаш тоа не е војна. Ова не е конфликт и не е војна. Ова е геноцид и масовно уништување и ние сме сведоци дека тоа се случува во живо. Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, напиша Ел Гази.

Ел Гази ја избриша оваа објава, но тоа не го спаси од суспензија од клубот.

Scroll to Top