Интер Мајами и Лионел Меси (36) не успеаја да победат во плеј-офот од американската МЛС лига. Викендов го имаат последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против Шарлот, доколку Меси настапи тоа за него ќе биде последне клупски натпревар оваа година.
Кога стана јасно дека сезоната на Интер Мајами може да заврши веќе во октомври, во европските медиуми се појавија шпекулации дека Меси би можел зимската пауза, односно периодот помеѓу двете МЛС сезони да ја помине на позајмица во Барселона.
Сепак, Меси стави крај на тие шпекулациите во разговорот со новинарите по победата на Аргентина против Перу, во која ги постигна двата гола на својата репрезентација.
Запрашан за опцијата за враќање во Европа, Меси кратко и јасно рече: „Не“.
Така, неговата европска кариера најверојатно дефинитивно заврши. Неодамна Меси изјави дека не е сигурен дека ќе игра на следното Светско првенство, но дека би сакал да и помогне на Аргентина да ја одбрани титулата на Копа Америка следната година.