Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, наводно добива 10 отсто од она што ќе го заработи српскиот тенисер на турнирите.
Поранешниот хрватски тенисер води судска постапка против неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ, откако таа наводно против законски му ги зела сите пари.
„Во моментот кога се осмелив да ги барам парите што ги заработив пред и за време на бракот, кои Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега уште ја чекам тужбата дека дотичната Т.Д го освоила Вимблдон и два олимписки медали, а можеби и уште еден Грен слем, но тоа допрва треба да го утврди судот. За сите прашања и останатото, ве молиме контактирајте ги моите адвокати, г. Мандиќ и г. Станиќ, кои долго се занимаваат со овој случај. Со должна почит, Горан“, напиша на Иванишевиќ на социјалните мрежи.
По тој повод, хрватски „Национал“, се занимаваше со неговите приходи. Според нивните извори, Иванишевиќ добива меѓу шест и десет илјади евра неделно како тренер на најдобриот тенисер во светот.
Покрај сето тоа, се шпекулира и дека поранешниот освојувач на Вимблдон има 10 отсто од он што Ѓоковиќ го заработува на турнирите.
На пример оваа година Новак веќе заработил 10,5 милиони, што значи дека Иванишвеиќ заработил повеќе од милион, плус тука е и неговата редовна плата.