Top Sport

Последните 20 минути пресудија – Висок пораз на Пелистер во Загреб

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Загреб, домашниот тим го совлада шампионот на Македонија 27:18 (10:10). По пет кола Пелистер, заедно со Целје и Висла се уште е без победа во Лигата на шампионите.

Нестварниот пад во играта, во последните 16-17 минути го однесе Еурофарм Пелистер во убедлив пораз.

44 минути македонскиот првак беше рамноправен на теренот. Од почетокот двата тима демонстрираа цврстина игра во одбраната и играа во серии, постигнуваа по два или три гола.

До 44. минута ниту еден од тимовите немаше предност поголема од два гола. Од тој момент, Загреб наметна темпо кое Пелистерци не може да го следат. При резултат 16:16 следуваше серија на Загреб 3:0, па 5:1 и го реши прашањето околу победникот.

Последните 16 минути Загреб ги доби со 11:2.

Најефикасен играч на Пелистер беше Борзаш со три гола, Тајник, Сери, Васиљев, Радивојевиќ и Пешевски постигнаа по два.

Загреб го предводеа Кос и Кравчиќ со по пет гола, голманот Матиќ имаше 11 одбрани

Еурофарм Пелистер в недела ќе го одигра дербито со Вардар, а три дена подоцна во Битола ќе гостува Кјелце во шестото коло во Лигата на шампионите.

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Scroll to Top