Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок ќе го испрати Џејдон Санчо на позајмица во друг клуб, бидејќи поранешниот англиски репрезентативец не му се извини на менаџерот Ерик тен Хаг, пишува Дејли Стар.
Во август Санчо упати низа обвинувања кон Тен Хаг, кој потоа реши да го отстрани фудбалерот од првиот тим. Интерес за Санчо покажаа клубовите од Бундес лигата, Серија А и турската Суперлига.
Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер јунајтед сакаат да го продадат Санчо за веднаш да ги вложат парите нов фудбалер. Сепак, клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да го испрати Санчо на позајмица во која Манчестер јунајтед би платил дел од неговиот договор.
Британските медиуми потсетуваат дека Санчо нема право да тренира со првиот тим, ниту да престојува во која било клупска просторија со членовите на тимот.
Санчо (23) е член на Манчестер јунајтед од 2021 година, а оваа сезона одигра само три натпревари за клубот. За репрезентацијата на Англија настапи на 23 натпревари и три пати се запиша во листата на стрелци, а последниот натпревар за репрезентацијата го одигра во 2021 година.
Foto/ EPA