Селекторот на Хрватска Златко Далиќ, пред Извршниот комитет на Хрватскиот фудбалски сојуз мораше да ги објасни причините за поразот од Турција и Велс во квалификациите за ЕП, со кои „коцкестите“ се оддалечија од една од првите две позиции во групата. Хрватска не изгледаше добро на тие натпревари.
Извршниот одбор на ХНС едногласно ги прифати објаснувањата на Далиќ, а селекторот доби поддршка за преостанатите два клучни натпревари против Летонија и Ерменија.
„Јас ќе ја одведам Хрватска на ЕП“, вети Далиќ при образложението за лошите игри и резултати во октомвриските квалификации.
За октомврискиот циклус Далиќ не можеше да смета на неколку важни фудбалери: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Мислав Оршиќ, Лука Иванушевец, а Бруно Петковиќ поради здравствени проблеми доби шанса само во финишот на натпреварот против Турција.
Исто така, Марко Ливаја, реши да се повлече од националниот тим.
Како причина за лошата резултатска серија, но и за лошата игра, Далиќ ги наведе нивните отсуства.