Top Sport

(Видео) Партизан со авто-кош во последната секунда загуби од Мега

Актуелниот шампион во АБА лига, Партизан, го забележа првиот пораз во регионалната конкуренција. Мега, во рамките на четвртото коло, го победи Партизан со 88:86.

Натпреварот во Белград, беше решен на неверојатен начин, со авто-кош со звукот на сирената. Трагичар беше Урош Трифуновиќ, кој по шутот на Никола Топиќ, обидувајќи се да фати дефанзивен скок ја смести топката во кошот.

Што се однесува до натпреварот, Партизан изгледаше многу лошо и покрај тоа што успеа да се врати по негативата од 20 поени.

Аврамовиќ со 26 и Камински со 24 беа најефикасни во редовите на Партизан. Мега ја предводеа Ѓуришиќ со 17, Плавшиќ со 15 и Топиќ со 14 поени.

Фото/ АБА лига

Scroll to Top