Top Sport

Реал во Минхен најде лев бек

Реал Мадрид ќе се обиде да ја пополни „дупката“ на левиот страна во одбраната со трансферот на Канаѓанецот, Алфонсо Дејвис. Реал овој трансфер има намера да го реалзиира наредното лето. Прашање е само дали ќе успее, бидејќи за Дејвис, Реал има намера да одвои околу 40 милиони евра.

Во Шпанија стигна информација дека преговорите меѓу Баерн Минхен и еден од најбрзите фудбалери во Европа се во ќорсокак уште од времето кога во клубот беше сменетиот директор Хасан Салихамиџиќ, така што актуелниот договор на Дејвис сè уште важи само до 2025 година.

Баерн нема намера да го продаде Дејвис, но доколку до почетокот на летниот преоден рок не постигне договор со фудбалерот за продолжување на соработката во клубот ќе бидат принудени да го продадат.

Scroll to Top