Кепа Аризабалага би можел да остане во Реал Мадрид и по завршувањето на позајмицата од Челзи.
Како што пренесува „Релево“, Шпанецот ја воодушевил управата на Реал бидејќи многу успешно го заменил повредениот Тибо Курто.
Белгиецот во август ги повреди лигаментите на коленото, оваа сезона за него е завршена, па затоа Реал веднаш го донесе Кепа на позајмица до крајот на сезоната.
Сепак, големи се шансите Реал да го купи Кепа, бидејќи резервниот голман Андриј Лунин сака да си замине.
Украинецот доаѓањето на Кепа го виде како јасна порака, дека во клубот немаат доверба во неговите можнсти, а бидејќи договорот му истекува на 30 јуни, тој ќе си замине како слободен играч.
Лунин пристигна во Реал летото 2018 година, но никогаш не доби вистинска шанса, беше на позајмица во Леганес, Ваљадолид и Овиедо.
Со неговото заминување Реал ќе мора да бара голман, а Кепа секако е логично решение. Прашање е само колку пари ќе бара Челзи за голманот, кого во минатото го платија 80 милиони евра?