Top Sport

(Видео) Феникс во трилер завршница победи во Сан Франциско

Кошаркарите на Феникс Санс славеа победа во Сан Франциско над Голден стејт Вориорс 108:104.

Тимот на Санс на полувремето имаше двоцифрена предност +15 (46:61), но натпреварот беше решен во самиот финиш.

По изедначената прва четвртина (28:28), тимот на Феникс на крајот од вториот дел направи серија од 9:0 и на полувреме замина со убедлива предност.

Веднаш на стартот од вториот дел од играта, улогите се сменија, тимот на Голден Стејт предводен од Стеф Кари и Крис Пол успеа убедливо да ја добие третата четвртина (40:19) и во решавачкиот период да влезе со 86:80.

Сепак, во последниот Вориорс лошо шутираа, што го искористија нивните противници и на крилата на Девин Букер остварија нов пресврт и победа во премиерата – 104:108.

Во победничкиот тим најрасположен беше Девин Букер со 32 поени (13/21), со шест скока и осум асистенции, а го следеше Кевин Дурент, кој оствари дабл-дабл учинок со 18 поени и 11 скока.

Двоцифрен број на скокови и поени имаше и Јусуф Нуркиќ, кој забележа дабл-дабл со по 14 поени и скокови.

На другата страна Стеф Кари забележа 27 поени и пет скока, а го следеше Клеј Томпсон со 15 поени, седум скока и три асистенции.

Scroll to Top