Top Sport

(Видео) Челник на Барселона: Вини е кловн, заслужува шлаканица

Реал Мадрид победи со 2:1 кај Брага во 3. коло од Лигата на шампионите. Мета на вербални напади од навивачите на Брага беше Бразилецот Винисиус Жуниор.

Винисиус имаше две асистенции и беше прогласен за играч на натпреварот. Бразилецот, во еден момент веројатно претера во обид да направи атракција, поради што го навлече гневот на домашните навивачи.

Тој стоеше мирно и ја прескокнуваше топката додека противниците гледаа во него, а навивачите го навредуваа.

„Не е расизам, но тој заслужува шлаканица бидејќи е кловн. Овие потези се непотребни и бесмислени на фудбалскиот терен“, напиша на „X (поранешен Твитер)“, членот на управата на Барселона, Микел Кампс, а подоцна ја избриша објавата.

Во одбрана на бразилскиот фудбалер застана шпанскиот коментатор Оскар Переиро. „Не ми се допаѓа тоа што го прави, но тој не прекршува никакви правила. Ако сака да го направи тоа, може“, рече Переиро, а соиграчот на Винисиус, Родриго, ја нарече најавата на Кампс срамна.

 

Scroll to Top