Лајпциг вечерва ќе ја пречека Црвена звезда во Лигата на шампионите. Поранешниот напаѓач на Црвена звезда, кој шест месеци од кариератаиграше за Локомотива од Лајпциг, Дарко Панчев, прогнозира дека натпреварот ќе заврши 1:1.
Во разговор за „Спорт клуб’, Панчев откри некои интересни детали од богатата кариера.
„Како завршив во Лајпциг? Има многу нејасни работи во сето она што ме следеше пред тоа во Италија, ниту јас, ниту мнозинството околу мене не разбравме зошто не добивам шанса, се случуваа секакви работи, дури и поради редовното спомнување на моето македонско потекло во сите медиуми, се шпекулираше дека од ден на ден пристугаат многу писма од Грција, па и од цела Европа, што се 10 милиони за една држава…“, вели Панчев.
„Не играв, а мојот трансфер беше меѓу најскапите на Стариот континент?! Чудно, почудно не може да биде! Неверување на сите страни, неодамна прочитав изјава на поранешен соиграч, познатиот италијански ас Бјанки, кој се сети на тој период и повторно изрази чудење зошто не бев во најдобрите 11 на Интер. А, почнав на Апенините, во одлично, постигнав пет гола во Купот, на крајот кога се ќе се собере имаше 29 официјални натпревари и 10 гола до моето име. За Интер, клубот кој ме малтретираше и уценуваше“, вели во интервју за „Спорт клуб“ легендарниот Дарко Панчев.
Уцена. Тешко обвинување?
„Не знам како поинаку да го окарактеризирам тој болен период. Така, на крајот од првата година во Интер гостувавме кај Реал Мадрид, игравме за трофејот Сантијаго Бернабеу, како дел од подготовките за новата сезона, заврши 2:2, постигнав гол, бев многу забележлив. ..И веднаш добив покана од Севилја да продолжам таму, ме контактираше Давор Шукер, по барање на неговиот клубски претседател сакав да одам… Наместо дозвола, пристигна СТОП. И уцена за значително намалување на моите побарувања дефинирани со четиригодишниот договор, на што, се разбира, не се согласив“, изјави стрелецот на 97 гола за Црвена звезда за три сезони на „Маракана“.
„Се трупаше нетрпеливост, следеа шест тешки месеци, сакав да играм каде било, да не рѓосувам, се појави Лајпциг Локомотив, последенопласираниот тим во Бундеслигата, не ми беше грижа за табелата, само сакав да заминам. И јас си заминав знаејќи дека тимот е испаднат уште пред моето доаѓање. Една ластовичка никогаш не прави пролет, еден Меси без помошта на Чави и Иниеста немаше да достигне голема слава во Барселона, исто така логично е што Локомотива со мене, без соодветни соиграчи, немаше да направи ништо значајно, иако мојот привремен преселба доби голем публицитет, потенцираше дека од источна Европа доаѓа фудбалска ѕвезда, како во се да се замеша мирисот на политика. Одиграв десет натпревари, постигнав два-три гола, не можев да и помогнам на Локомотива да го задржи статусот на елитата, фудбалот беше и останува колективен спорт“.
Фото/ архива Топспорт