Фермин Лопез (20), играчот од средниот ред на Барселона, во 36. минута од натпреварот против Шахтјор, направи подвиг за историјата на Лигата на шампионите и светскиот фудбал. Откако асистираше за првиот гол на својот тим, спектакуларно го постигна вториот, за победа од 2:1.
Тој ја испрати топката во голот со најбрзиот удар досега, кој заврши во мрежата. Од работ на шеснаесетникот ја шутна топката во голот со 230 километри на час. Тоа е апсолутен рекорд кога се во прашање головите во кои се мерела брзината на траекторијата на топката.
Фермин далеку зад себе го остави актуелниот рекордер Рони Хеберсон од Спортинг Лисабон, кој постигна гол со брзина од 210 на час. Трет е Арјен Робен, кој погоди со шут од 190 на час, потоа Стивен Рид со 189, додека петти е Роналд Куман со гол постигнат со 188 км/ч.