Медиумските шпекулации за „Случајот Тонали“, во четвртокот добија официјална потврда. Поради нелегално обложување, Фудбалскиот сојуз на Италија му изрече 10-месечна суспензија на фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали.
Тонали со своите адвокати признал дека се обложил на натпревари на Милан на кои учествувал и тој. Олеснитална околност е што секогаш се кладел на победа на Милан.
Ова значи дека сезоната за Тонали е завршена, а исто така ќе го пропушти и ЕП, доколку Италија избори пласман.
Ова ќе биде голем проблем за Њукасл, кој за Тонали потроши 64 милиони евра.
„Случајот Тонали“ нема да заврши со оваа суспнезија, Њукасл планира да поднесе тужба против Милан. Англичаните сметаат дека во Милан знаеле за проблемите со кои се соочувал Тонали.
Покрај Тонали, Италијанската федерација го суспендираше и фудбалерот на Јувентус, Никола Фаџоли на седум месеци, исто така поради обложување.