Top Sport

(Видео) Олимпијакос го победи Вест Хем, Марсеј славеше против АЕК

Олимпијакос го победи Вест Хем во дерби мечот одигран во третото коло во Лига Европа.

Олимпијакос со оваа победа се врати во трката за освојување на едно од првите две места во А групата. Фортунис и Родинеи ги постигнаа головите за Олимпијакос во првото полувреме. Поразот на Вест Хем го ублажи Пакета.

Во вториот меч од оваа група, во Бачка Паланка, Фрајбург со пресврт славеше над домаќинот ТСЦ 3:1. Петровиќ им донсе радост на домашните навивачи во 13.минута. Во вториот дел на сцена стапи Италијанецот Грифо, кој со хет-трик му донесе победа на Фрајбург.

Вест Хем има шест бода, Фрајбург и Олимпијакос по четири, а ТСЦ еден бод.

Во групата на „смртта“, како што многумина ја нарекоа групата Б, Марсеј оствари голема победа на својот „Велодром“. Марсеј славеше со 3:1.

Витиња ги доведе домашните во водство во 27. минута од играта, но гостите израмнија на почетокот на вториот дел. Стрелец беше Пинеда, но само четири минути подоцна беше досуден пенал и црвен картон доби голманот на гостите Станковиќ, следуваше принудна замена, а потоа се тргна надолу за гостите.

Ари од пенал во 60. и Верету од пенал девет минути подоцна им донесоа победа на домашните.

Бетис стигна до својата втора победа во Лига Европа досега. Во Ц групата шпанскиот тим како гостин го победи Арис Лимасол. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Диао во 75. минута од натпреварот.

Спарта и Ренџерс, во Прага одиграа 0:0.

Scroll to Top