Top Sport

(Видео) Миовски блескаше, Абердин водеше 2:0, па загуби од ПАОК

Абердин, на неверојатен начин доживеа пораз од ПАОК во Г групата, во Конференциската лига. Одличен меч одигра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, но ниту тоа не им помогна на фудбалерите на Абердин да ја сочуваат предноста од 2:0.

Абердин, благодарение на Миовски имше предност од 2:0. Македонскиот репрезенттаивец постигна гол во 50.минута, а осум минути подцна му асиситраше на Полвара за 2:0.

Сепак ПАОК во финишот израмни со головите на Десподов во 73. и Виериња во 84.минута, а целосен пресврт направи Шваб од пенал во 96.минута.

Во оваа група Ајнтрахт го декласираше ХЈК Хелсинки со 6:0.

На табелата води ПАОК со девет бода,  три помалку има Ајнтрахт, Абердин и ХЈК освоија по еден бод.

Scroll to Top