Top Sport

Меси финалист наградата за „Дебитант на годината“

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси влезе во финалето за наградата „дебитант на годината“ во МЛС-лигата, која се доделува на играчи кои ја играат својата прва сезона во превенството.

На 36-годишна возраст, Меси му се приклучи на Интер од Мајами, одигра само шест првенствени натпревари, но постигна 11 гола во сите натпреварувања и му помогна на тимот да го освои Лига купот.

Сепак, неговиот тим не успеа да стигне до плејофот, односно разигрувањето за титулата.

Конкуренција на Меси за наградата „дебитант на годината“ е напаѓачот на Атланта, Јоргос Јакумакис од Грција и играчот од средниот ред на Сент Луис Сити, Едуард Ловен.

Интересен е фактот што во поширокиот избор беа и соиграчите на Меси, Серхио Бускетс, и Џорди Алба, но и двајцата не успеаја да влезат во финалето.

Scroll to Top