Top Sport

Харден под истрага, Филаделфија се соочува со казна

НБА го истражува отсуството на Џејмс Харден на првиот натпревар на Филаделфија ’76 во новата сезона. Филаделфија во четвртокот во Милвоки, го прекрши новото правило на НБА заучество на играчите.

Во текот на летото, Харден побара трампа во Лос Анџелес Клиперс, но клубовите не постигнаа договор. После тоа, тој влезе во конфликт со управата на Филаделфија, кога сакаше доаѓаше на тренинзите во знак на протест што не му беше овозможен трејд.

Според медиумите, Харден се појавил на аеродрмот во Филалделфија, бил подготвен да патува во Милвоки, но му било наложено да се врати дома.

Новите правила на лигата бараат ѕвездите да бидат достапни за националните телевизиски натпревари.

„Ги разгледуваме информациите за Џејмс Харден за да утврдиме дали има оправдана причина за неговото неучество во натпреварот“, изјави портпаролот на лигата Мајкл Бус.

НБА може да казни тим со 100.000 долари за првото прекршување на правилата за учество, освен во „ретки и невообичаени околности“, а казните потоа можат само да се зголемуваат.

Харден (34) беше избран во ол-стар тимот 14 последователни сезони, до сезоната 2022/23. Минатата сезона за Филаделфија имаше просек од 21 поен, заедно со рекордни 10,7 асистенции и 6,1 скока на 58 одиграни натпревари.

Scroll to Top