Top Sport

(Видео) Вардар ја победи Брера, Шкупи убедлив против Работнички

Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje

Вардар ја запиша втората последовна победа во домашниот шампионат, Шкупи убедливо го порази Работнички, шампионот Струга загуби во Гостивар, Воска однесе бод од Тетово, против Шкендија, а Тиквеш во 96.минута се спаси од пораз кај Македонија ЃП.

Шкупи и Шкендија по 12.рунди во домашноот првенство се израмнети на челната позиција на табелата со по 25 поени. Шкупи го искористи киксот на Шкендија.

Во Чаир со 3:0 го порази Работнички, со двата гола на Куевен во 39. и 74.минута и Кука 52.минута.

Во Тетотво, Воска имаше предност над Шкендија од 47.минута преку Бајрами. Бод за Шкендија спаси Шала во 74.минута.

Вардар на стадионот во Маџари, забележа уште една минимална победа. Во минатото коло црвено-црните со 1:0 го победија Работнички, а во ова со ист резултат славеа против АП Брера. Единствениот гол во третата минута го постигна Омерагиќ.

Тиквеш во Ѓорче Петров, освои бод против Македонија со голот на Ивановски во 96.минута. Претходно домаќинот водеше со голот на Попзлатанов во 33.минута.

Актуелниот првак Струга доживеа непланиран пораз во Гостивар. Гостиварци имаа предност со головите на Кехунде и Потук, Стружани успеаја само да намалат преку Кампоаре во 90. минута.

Резултати, 12.коло:
Шкендија-Воска спорт 1:1
Вардар-АП Брера 1:0
Шкупи-Работнички 3:0
Гостивар-Струга ТЛ 2:1
Македонија ЃП-Тиквеш 1:1

Табела:

Scroll to Top