Top Sport

„Дост имаше среќа“

Foto/ EPA

На холандскиот фудбалер Бас Дост се чувствува добро откако колабираше на теренот за време на синоќешниот натпревар на неговиот НЕЦ против АЗ Алкмар во холандската Ередивизија.

„За среќа, ние во Холандија сме добро подготвени за вакво нешто. Тоа спасува животи. Никој од нас не знаеше што се случува додека судијата Јероен Маншот не реагираше. Мислам дека Бас имаше многу среќа што лекарскиот тим пристигна толку брзо“, изјави претседателот на НЕЦ, Вилко ван Шаик.

Да потсетиме, Дост одеднаш падна на теренот, се тресеше, а сцената беше страшна.

„Бас сакаше да и се јави на сопругата. Фактот што можеше да го направи тоа кажува нешто. Во соблекувалната беше тивко. После се не можевме да играме фудбал. Фудбалот веќе не е важен, ова остави впечаток на сите. Бас е во добри раце, тоа е најважно“, додаде Ван Шаик.

Подоцна, од болницата се огласи и 34.годишнот фудбалер.

„Помошта што ја добив на теренот беше фантастична. Благодарам на сите“, изјави Дост.

Scroll to Top