Top Sport

Црвена звезда нема да го пушти Глазер да брани во Приштина

Голманот на Црвена звезда Омри Глејзер нема да брани за репрезентацијата на Израел против Косово во квалификацискиот натпревар за ЕП.

Косово ќе го пречека Израел на 12 ноември во Приштина. Ден претходно Глазер има натпревар со Црвена звезда во Суперлигата на Србија.

Црвена звезда се повикува на правлиникот на ФИФА и велат дека не се обврзувани да му дозволат на играчот да одговори на повикот на тренерот Алон Хазан.

Со ова црвено-белите ги демантираат пишувањата на израелските медиуми, поточно на порталот „Оне“, кој објави дека во редовите на српскиот шампион стравуваат за безбедноста на Глазер доколку го пуштат да игра во Приштина.

Споменатиот медиум додава дека по конфликтот меѓу Србите и косовските безбедносни сили во северниот дел на Косово, во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на полицијата, во клубот стравувале за животот на Глазер.

Тие пишуваат и дека разврската на ситуацијата ќе дојде по реваншот против Лајпциг во Лигата на шампионите (7 ноември), но се чини дека црвено-белите веќе ја донеле својата одлука.

Во отсуство на Глазер, местото меѓу стативите ќе го заземе резервниот голман на Баерн, Даниел Перец. Прашање е дали ќе го искористи тоа и ќе ја задржи позицијата прв голман за натпреварите против Швајцарија (15 ноември) и Романија (18 ноември).

Тие два меча ќе се играат на стадионот „Панчо Арена“ во Фулхут, Унгарија, со оглед на тоа што не можат да играат на домашен терен поради војната во Израел.

Scroll to Top