Top Sport

Меси не е руки на годината во МЛС

Грчкиот фудбалер и играч на Атланта, Јоргос Јакумакис ја доби наградата за „дебитант на годината“ во американската лига МЛС.

Со 45,78 отсто од гласовите тој победи пред Лионел Меси кој пред само три дена ја освои осмата Златна топка за играч на годината.

Меси остана на второто место со 27,28 отсто од гласовите, додека Едуард Левен од Сент Луис беше трет со 15,44 отсто од гласовите.

Интер од Мајами, за кој Меси игра од ова лето, не успеа да се пласира во плејофот МЛС лига.

Јакумакис пристигна во Аталанта во февруари годинава од Селтик и одигра 27 натпревари за американскиот тим и постигна 17 голови.

Scroll to Top