Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ Талон Гриксспор со резултат 4:6, 7:6, 6:3 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Берси. За место во полуфиналето ќе игра против Данецот Холгер Руне. Ќе биде тоа реприза на финалниот меч од минатата сезона, кој заврши со победа на Руне во три сета.
Ѓоковиќ против Гриспор се бореше со самиот себе, рече дека неколку дена има здравствени проблеми(вирус) и со публиката.
Впечатлив беше моментот во осмиот гем од решавачкиот сет, кога дел од публиката му пречеше кога се подготвуваше да сервира. Гркспор направи брејк и изедначи на 4:4.
Ѓоковиќ потоа им аплаудираше и со неколку сочни пцовки ги почести присутните во арената.
Novak Djokovic talking his shit will never cease being badass as fuck. 🥶 pic.twitter.com/VdeZV63fkG
— Scott Barclay (@BarclayCard18) November 2, 2023
„Навикнат сум на такви работи, но во ред е. Да бидам искрен, тоа беше првенствено израз на непочитување кон двајцата играчи, во моментите кога мечот се кршеше. Натпреварот беше возбудлив, тоа е ги охрабруваше луѓето, сакаа да влијаат на неговиот тек, но сепак тенисот преовлада“.
Некои новинари навестија дека Новак можеби намерно сакал да ги испровоцира навивачите за да најде мотивација за пресвртот.
„Значи, мислите дека јас ја испровоцирав публиката, а не ти мене? Што мислите, од вашето столче на трибините? Воопшто не би се согласил со вас, бидејќи мислам дека навистина не направив ништо за да ја испровоцирам публика. Париската публика е „многу посебна“ и тоа се добри зборови за да се опише, но се е во ред“, заклучи Новак.
“More, more !”
Le moment où Novak Djokovic, alors que le silence était revenu, a demandé au public de reprendre les sifflets 😭
Un vrai moment Nutella.pic.twitter.com/vLM0rCqWta
— COURTS Mag (@CourtsMag) November 2, 2023