Им нема крај на проблемите со кои се соочува Манчестер јунајтед.
Покрај очајниот почеток на сезоната, осум порази на 15 натпревари во сите натпреварувања, „црвените ѓаволи“ се соочуваат и со големи кадровски проблеми.
Ерик Тен Хаг, тренерот на Јунајтед, нема да може да смета на Касемиро во следните неколку недели. Бразилецот го повреди коленото на натпреварот од Лига (Карабао) купот во кој Њукасл на „Олд Трафорд“ го победи Манчестер јунајтед со 3:0.
Јунајтед во сабота од 13 часот и 30 минути ќе му гостува на Фулам во натпревар од Премиер лигата.