Англискиот судија со знакот на ФИФА, Ентони Тејлор е отстранет од списокот на судии на Премиер лигата и во иднина ќе ја дели правдата на натпреварите од Чемпионшип.
Тејлор беше деградиран поради низа грешки кои ги направи во изминатите месеци. Тој ќе суди на викендот помеѓу Престон и Ковентри.
Да потсетиме, Тејлор го судеше финалето во Лигата на Европа меѓу Севилја и Рома (Андалузијците победија на пенали). За арбитражата во финалето Тејлор доби многу критики.
УЕФА беше незадволна од тоа како Англичанецот го судеше финалето, а Жозе Мурињо директно го обвини дека тој е винвникот за поразот на Рома.
Ден по финалето, Тејлор беше нападнат од навивачите на Рома на аеродромот, а Жозе Мурињо по финалето го чекаше на паркингот на стадионот и го почести со „пакет пцовки“.
Тејлор имаше и низа дискутабилни одлуки оваа сезона во Премиер лигата, поради што судиската комисија заклучи дека тој е под стандардот на најквалитетното натпреварување во Англија.
Грешката поради која ја доби казната, Тејлор ја направи на натпреварот Њукасл-Вулверхемптон (2:2), кога досуди непостоечки пенал за Њукасл.