Top Sport

Тола постави нов рекорд на маратонот во Њујорк

Атлетичарот од Етиопија Тамират Тола победи на маратонот во Њујорк.

До победата стигна со време од два часа, четири минути и 58 секунди, што е и нов рекорд на трката.

Кениецот Алберт Корира ја мина целта на второто место, со една минута и 59 секунди заостанување, додека Шур Китете од Етиопија го освои третото место.

Тола беше светски првак во 2022 година, но поради стомачни проблеми не можеше да ја брани титулата летово на шампионатот во Будимпешта.

Scroll to Top