Top Sport

Мекалум повторно има проблем со белите дробови

Њу Орлеанс Пеликанс објавија дека на Си-Џеј Мекоаум му е дијагностициран пневмоторакс.

Мал пневмоторакс, присуство на воздух во десното белодробно ткиво, бил забележан во неделата наутро при прегледот.

Во следните 48 часа ќе се направи дополнителен преглед за да се утврди состојбата и дали има напредок во лекувањето.

Ова е втор пат Мекалум да доживее колапс на белите дробови.

Поради овој проблем, тој пропушти 17 натпревари во 2021 година, отсуствуваше од терените шест месеци.

Меккалум (32) во сезоната 2023/24 имаше просек од 21,7 поени, 4,8 скока и 5,7 асистенции..

Scroll to Top