Top Sport

Тотенхем внимателно следи соиграч на Бојан Миовски во Абердин

Тотенхем покажува сериозен интерес за соиграчот на Бојан Миовски, Слободан Рубежиќ. Многу е веројатно овој трансфер да се случи во зимскиот преоден рок.

Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу испрати скаути во Шкотска за да следат двајца играчи.

Како што пренесуваат островските медиуми, тој е заинтересиран за Слободан Рубежиќ, дефанзивецот на Абердин и јапонскиот напаѓач Кјого Фурухаши од Селтик.

Рубежиќ во јули го облече дресот на Абедрин каде одигра 10 натпревари во шкотскиот шампионат. Претходно настапуваше за Чукарички и Нови Пазар.

Исто така, неодамна дебитираше и за репрезентацијата на Црна Гора.

Што се однесува до Фурухаши, тој соработуваше со Постекоглу. Токму Постекоглу го реализираше неговиот трансфер од Висел Кобе во Селтик за 4.500.000 евра.

Постекоглу направи вистинска сензација оваа сезона и веќе собори неколку клупски рекорди за тимот од Лондон.

И покрај заминувањето на Хари Кејн, Тотенхем е втор во Премиер лигата со 26 бода, со бод и натпревар помалку пред првопласираниот Манчестер сити.

Scroll to Top