Top Sport

(Видео) Борусија сигурна против Њукасл, Шахтјор ја шокираше Барселона

Foto/ EPA

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Шахтјор забележаа победи во првите натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите. Борусија го победи Њукасл со 2:0 и освои три важни бода во „групата на смртта“, додека Шахтјор ја изненади Барселона со 1:0.

Борусија, во Ф-групата и втор пат го доби Њукасл. За разлика од првиот меч кога победија со 1:0, во вториот ги искористија сите проблеми на Њукасл и победија со 2:0.

Можеше Борусија да постигне уште некој гол, особено во првиот дел, но Ник Поуп не го дозволи тоа.

„Милионерите“ славеа со головите на Филкруг во 26. и Бранд во 79.минута.

Борусија води со седум бода, ПСЖ има шест, Њукасл четири, Милан два бода. Вечерва на „Сан Сиро“ се игра дербито Милан-ПСЖ.

Во Хамбург, Шахтјор ја пречека и ја надигра Барселона. Избраниците на Чави, во саботата против Реал Сосиедад не беа казнети за лошата игра, тоа се случи вечерва во Лигата на шампионите.

Сикан го постигна единствениот гол во 40.минута.

Барселона води во Х групата со девет бода, Порто и Шахтјор имаат по шест, Антверп е без бодови. Вечерва во оваа група играат Порто и Антверп.

Scroll to Top