Top Sport

Киднаперите подготвени да го ослободат таткото на Дијаз

„Таткото на Луис Дијаз треба да биде ослободен во текот на денот, откако претставниците на хуманитарните организации се сретнаа со лидерите на герилското движење ЕЛН на границата меѓу Колумбија и Венецуела“, се вели во вестите објавени од колумбиските медиуми.

Иако веста беше примена со оптимизам, сепак се претпоставува дека герилците нема да имаат нови и посебни барања за ослободување на таткото на фудбалерот на Ливерпул. Таткото на Луис Дијаз беше киднапиран од членови на милитантна организација со екстремно леви идеолошки ставови на 28 октомври под закана со пиштол, а оттогаш се водат макотрпни преговори за условите под кои ќе биде ослободен.

Во меѓувреме во преговорите се вклучија и Обединетите нации, како и Католичката црква, наведува „Noticias Caracol“.

Истиот извор открива дека преговорите за преземање на заложниците се водат во регионот Ла Гуахира во близина на колумбиската граница со Венецуела.

Се известува дека портпаролот на ЕЛН истакнал дека киднапирањето на Луис Мануел Дијаз било грешка од самиот почеток.

Scroll to Top