Петкратниот светски шампион, Рони О’Саливен успеа да ја одбрани титулата од Мастерсот во Шангај со 11:9 победа над Бери Хокинс во финалето.
42-годишниот светски број 3 го играше својот прв турнир по поразот во второто коло на СП во април и беше апсолутно фантастичен – победувајќи го Кајрен Вилсон со 10:6 за пласман во финалето, и потоа враќајќи се од 4:6 негатива во финалето против Хокинс.
О’Саливен ги освои првите четири фрејма од втората попладневна сесија и поведе со 10:7, пред Хокинс повторно да се врати на еден разлика 10:9.
Со оваа победа О’Саливен стана првиот снукер играч кој ја надмина границата од 10 милиони фунти само од награди.