Top Sport

ЛШ преглед: Загреб и Нант стартуваа со порази

ППД Загреб беше поразен во првиот меч од ракометната Лига на шампиони, откако унгарскиот ПИК Сегед славеше тесна 24:23 победа во првиот меч од новата сезона во Осиек. Клубот на Лино Червар водеше со +3 на полувреме, но во финишот богатиот унгарски клуб беше поефикасен.

Нант на Кирил Лазаров загуби во домашното деби од германскиот Флензбург со 34:31, откако гостите водеа во поголемиот тек од мечот. Магнус Ред со шест гола и Расмус Лауге Шмит со пет беа најефикасни за Флензбург, додека Валеро Ривера имаше шест за Нант, додека Лазаров уфрли два гола.

Во Словенија пак, Скјерн постигна пет гола за шест минути во второто полувреме за да направи пресврт и да стигне до драматична 27:26 победа над Целје. Тие пет гола го сменија резултатот од 21:19 за Целје на 24:21 за Скјерн, по што данските шампиони не дозволија да ја загубат предноста.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Бјерингбро/Силкеборг – Чеховски медведи 39:28 (21:16)

Целје – Скјерн 26:27 (13:12)

Нант – Флензбург 31:34 (16:18)

Висла Плок – Тун 34:24 (18:13)

ППД Загреб – Сегед 23:24 (12:9)

Scroll to Top